Во септември, 2024 година четири претставници од академскиот кадар на Универзитетот Скопје: проф. д-р Александра Стоилковска, проф. д-р Виолета Миленковска, проф. д-р Јахи Јахја и асс. м-р Јулијана Петровска, во рамките на Еразмус програмата го посетија Универзитетот Колеџ за бизнис во Тирана, Република Албанија. Тимот од наставници беше срдечно пречекан до албанските колеги, предводени од ректорот на Универзитетот, проф. д-р Јилбер Безо. Со оглед на тоа што двата универзитета се приватни и имаат многу сличности во работата, професорите ја оценија средбата како основа за идни заеднички ангажмани.
Професорите од двата универзитета ги претставија своите проектни активности и препознаа повеќе полиња за соработка. Еразмус програмите за кои Универзитетот Скопје има обезбедено чартер програма се извонредна можност за идна размена на искуства меѓу двата универзитета.
Оваа посета претставува одлична можност за идна плодна меѓународна соработка на полето на менаџментот, економијата и информациските технологии.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/664-poseta-na-univerzitetot-koledj-za-biznis-vo-tirana-republika-albanija#sigProId3c300d0be7