dekan.jpg

    Проф. д-р Александра Стоилковска

    Декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси

    Новите услови на живеење кои ги наметна глобализацијата поставуваат нови стандарди и критериуми за успешност. Темелот за квалитет на компанијата се човечките ресурси. Вредноста на квалитетен менаџмент на човечки ресурси е поголема од добар систем на производство. Делувањето на менаџментот на човечки ресурси претставува процес кој ги опфаќа сите активности и функции во организацијата. Квалитетните кадри во компанијата придонесуваат за зголемување на конкурентската предност. Фокусот на менаџерите на човечки ресурси се луѓето и нивните потенцијали и перформанси, мотивацијата и талент. Недостатокот на соодветен кадар во секторите за човечки ресурси на територијата на Република Македонија го надополнува токму Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, кој функционира во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај