На 30 септември се одржа првиот свечен час за новозапишаните студенти во академската 2024/25 година на Економскиот факултет, насока Менаџмент на човечки ресурси. Првиот час го одржа ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, кој ги запозна новите студенти со методологијата за работа и организациското однесување на Универзитетот.
Студентите ги добија упатствата за користење на електронските индекси и кратка обука како да ги користат, а потоа заедно со професорките, проф. д-р Александра Стоилковска и доц. д-р Гордана Серафимовиќ се изделија во посебна предавална, каде што ги информираа за спецификите на менаџментот на човечките ресурси, местото и улогата во организацијата и им дадоа полезни насоки за студирањето.