Магистерски студии
Менаџмент на човечки ресурси
Студиската програма од втор циклус на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, имаша за цел да понуди образование кое е актуелно, флексибилно, современо и моделирано според потребата од вештини на пазарот на трудот.
Приоритетна цел на функционирањето на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси е да оформува кадри, согласно студиската програма по Менаџмент на човечки ресурси, оспособени да се вклучат на пазарот на трудот за работи поврзани со обавување на најсложените деловни активности, стекнување на знаење и вештини од областа на Менаџмент на човечки ресурси, а насочена е и кон понатамошно профилирање на кадар во областа на високиот менамџмент.
Приоритетна цел на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси со студиската програма Менаџмент на човечки ресурси е да го обезбеди квалитетно образование на студентите специјализирано за областа менаџирање на човечките ресурси во земјата и во странство, преку професионализација и специјализација на студиите со помош и меѓусебна соработка со други слични по дејност високообразовни и научни институции, како и обезбедување на компатибилност со развојните насоки во европското високо образование. Студиската програма е тесно врзана за практиката, што подразбира едукацијата и практиката да се оформуваат интерактивно.
Со ваквата студиска програма процесот на едукација на идните магистрирани студенти по менаџмент на човечки ресурси, покрај тоа што ќе биде меѓународно ориентиран, а сепак базиран на потребите во земјава, ќе значи и разбирање на актуелните процеси во регионот и целосно почитување на начинот на финансирање во нашата држава.
Целите на студиската програма Менаџмент на човечки ресурси се однесуваат во негувањето на академскиот успех и достигнувањата на студентите на втор циклус студии во областа на менаџментот на човечки ресурси. На студентите им е овозможена силна академска основа со пристап до различни знаења и тие ќе се подготвуваат да бидат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во разновидната и динамичната глобална финансиска арена.
За да ги спроведе во практика своите цели, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси постојано се фокусира на:
- Усовршување на стандардите и критериумите во сите сегменти на настава со цел за подобрување на квалитетот.
- Етаблирање на услови за научно-истражувачка дејност во областа на теоријата и истражувачките аспекти на менаџментот на човечки ресурси.
- Прилагодување на студиските програми и наставните предмети на европските искуства и светските трендови во финансиите, банкарството, осигурувањето, и сметководството.
- Создавање услови за интернационализација на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси преку размена на студенти и наставници со сродни странски високообразовни институции.
Всушност, студиската програма по Менаџмент на човечки ресурси на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за Скопје е компарирана со студиските програми на универзитетите од европскиот и светскиот образовен простор кои се рангирани во првите педесет универзитети согласно Шангајската листа и на тој начин се овозможува споредливост со програмите на високообразовните установи на европскиот и светскиот образовен простор.
Воедно, дејноста се насочува и кон истражувачка работа која е тесно врзана за практиката, што подразбира едукацијата и практиката да се оформуваат интерактивно.
Со ваквата студиска програма процесот на едукација на идните магистрирани студенти по Менаџмент на човечки ресурси, покрај тоа што ќе биде меѓународно ориентиран, а сепак базиран на регионалните потреби, ќе значи и разбирање на актуелните процеси во регионот и целосно почитување на начинот на живеење во нашата држава.
СТУДИСКА ПРОГРАМА: МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ - втор циклус едногодишни студии (60 ЕКТС)
ЗВАЊЕ: МАГИСТЕР ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
|
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставен предмет |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
|
П |
В |
|||||
|
ПРВА ГОДИНА |
||||||
|
1. |
HR511 |
Методологија на научно истражувачка работа |
Прв |
60 |
30 |
8 |
|
2. |
HR512 |
Менаџмент на интелектуален капитал |
Прв |
45 |
15 |
7 |
|
3. |
HR513 |
Плати и наградување |
Прв |
45 |
15 |
7 |
|
4. |
Изборен предмет од Табела 4.2 |
Прв |
30 |
15 |
4 |
|
|
5. |
Изборен предмет од Табела 4.2 |
Прв |
30 |
15 |
4 |
|
|
6. |
Магистерски труд |
Втор |
30 |
|||
|
Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година |
210 |
90 |
60 |
|||
Табела 4.2
|
Ред. Бр. |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Од која единица |
|
|
Предавања |
Вежби |
||||||
|
1. |
BM511 |
Современ менаџмент |
Прв |
30 |
15 |
4 |
Институт за бизнис менаџмент |
|
2. |
BМ513 |
Деловно лидерство |
Прв |
30 |
15 |
4 |
Институт за бизнис менаџмент |
|
3. |
HR514 |
Оперативен менаџмент |
Прв |
30 |
15 |
4 |
Факултет за менаџмент на човечки ресурси |
|
4. |
HR515 |
Односи со јавноста и лобирање |
Прв |
30 |
15 |
4 |
Факултет за менаџмент на човечки ресурси |
|
Вкупно: |
|||||||
Програма 2021/2022
| 9 семестар | 10 семестар |
