СТУДЕНТИТЕ ОД УТМС НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ БЕЛГРАД 2013

    Научно – истражувачкиот практиум во Белград уште една потврда на континуираната определба на УТМС за практична едукација на студентите.

    На 22.02.2013 година студентите на УТМС, предводени од професор Доц. Д-р Зоран Стрезовски и асистентките м-р Марина Стојмирова и м-р Ана Битољану, реализираа студиско патување – посета на Саемот за туризам Белград 2013.

    Студиското патување е дел од стратегиското планирање за општествена одговорност на УТМС и беше спонзорирано од Универзитетот.

    Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, согласно сопствената визија за интерактивно студирање постојано им овозможува на студентите практична настава преку посета и учество на различни настани, конференции, семинари, саеми итн. Поврзувањето на теоријата и праксата за време на студиите е клучно за образованието на нашите студенти, ретка можност да се воведуваат во работните обврски уште за време на студиите.

    Овој пат тоа го остваривме преку посета на Меѓународниот саем за туризам Белград 2013.

    На саемот присуствуваа педесетина студенти од различни факултети - Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за човечки ресурси, Факултетот за менаџмент. Ова студиско патување беше наменето, пред се, за студентите од Факултетот за туризам но бидејќи и студентите од другите факултети покажаа интерес успеавме позитивно да одговориме на нивните барања.

    Првите реакции на саемот беа позитивни, изненадување околу големината на саемот, посетеноста, бројот на штандовите, различноста на понудата итн.

    Студентите на саемот добија различни задачи според факултетите од кои доаѓаат но сите задачи имаа за цел да поттикнат критичко мислење, анализирање на конкретни релевантни области, воочување на одредени специфики итн. низ контекст на проблематиката која студентите ја обработуваат преку различни предмети на своите факултети. Примери на задачи: За факултетот за туризам - анализирајте ја туристичката понудата, размислете според вас која дестинација/земја особено се истакнува. За Фкултетот за човечки ресурси - размислете и обидете се да најдете која агенција/земја/компанија има најголем оддел за човечки ресурси и кои им се проблемите во однос на претставувања на саеми. За Економски факултет - размислете и прашајте за економските ефекти на претставувањето на саеми, За другите факултети - најдете 3 работи кои мислите дека се исклучително добро организирани и 3 кои сметате дека можат подобро.

    Во текот на посетата дел од студентите предводени од професор Доц. Д-р Зоран Стрезовски, ги анализираа штандовите, визуелниот изглед, опременоста со рекламен материјал и стручноста на кадарот во презентирањето на сопствените штандови.

    Во рамките на предвидените активностите особено значајно е што двајца студенти од Факултетот за туризам имаа можност практично да се испробаат во улогата на туристички придружници, им беше предадено водењето на групата во текот на патување, секако со помош и поддршка на асистентките.

    По посетата на саемот студентите го посетија трговскиот центар Делта.

    УТМС се труди секогаш кога може бесплатно да ги овозможува овие наставно - практични активности, што дополнително го зголемува интересот за нив и им овозможува практично согледување на теоретскиот дел од наставата.

    View the embedded image gallery online at:
    https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/551-2013#sigProIdf5f2d6e208

     

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај