ПРЕДАВАЊЕ НА ЗАМЕНИК-АМБАСАДОРОТ НА ГЕРМАНИЈА, Г-ЃА КАРИН ФОСТНЕР

    Германија и Берлин како туристички дестинации, беа темите на предавањето на гостите од амбасадата на Република Германија во Македонија за студентите на УТМС

    Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, согласно веќе воспоставената практика на учество на гости предавачи, на 20.02.2013, имаше чест да биде домаќин на заменик-амбасадорот на Република Германија во Република Македонија, г-ѓа Карин Фостнер и нејзината асистенка Кристин Шредер. На предавањето, на кое покрај студентите од УТМС, присуствуваа и дел од професорите, беше презентирана Германија како туристичка дестинација, со особен акцент на Берлин, како град кој со години наназад го развива градскиот туризам.

    04Својата презентација заменикот амбасадорот г-ѓа Фостнер ја започна со прикажување на филм за Република Германија како туристичка дестинација, по чие завршување конкретно говореше за потенцијалите на германскиот туризам, со особен акцент врз културно-историските знаменитости на неколку градови во Германија, како Берлин, Дрезден, Минхен и Хамбург . Во своето излагање г-ѓа Фостнер се задржа и на бројот на странските туристи кои ја посетуваат Република Германија, нагласувајќи дека во минатата година биле регистрирани 40 милиони туристи. За присутните, се разбира особено за студентите од Факултетот за туризам, посебно интересен беше податокот дека во Германија годишно се одржуваат повеке од 50 илјади деловни средби, односно конгреси, семинари, саемски манифестации и слично, при што според направените сондажи, секој посетител од овој вид посета, дневно просечно троши по 200 евра, што за нивната земја преставува значајно зајакнување на целокупната економија.

    Како посебен акцент, гостинката од амбасадата на Германија го посочи значењето на бањскиот туризам во Германија, кој, според неа, во последно време е во пораст, благодарение на велнес центрите, потоа спортскиот туризам, изградбата на голем број голф-терени, масовната посета на фудбалски и други натпревари, и секако други манифестации меѓу кои пиво фестот во Минхен, ,,Октобер Фест” кој е еден од најголемите фастивали од тој вид во светот.

    Асистентот г-ѓа Шредер, во своето излагање посебен акцент стави врз туристичките можности на градот Берлин, објаснувајќи ја, пред се, неговата историја, потоа знаменитостите, како и хотелските капацитети, потенцирајќи дека градот располага со над 110.000 кревети во хотели и приватно апартманско сместување, за што говори бројката од 10 милиони странски туристи годишно. Како особено интересен сегмент за студентите од УТМС, го посочи таканаречениот феномен користи-замени стан, што младите од централна Европа го користат масовно, а кој подразбира можност за посета што поголем број градови, преку времена размена на станови.

    Предавањата на г-ѓа Фостнер и Шредер од страна на студентите на УТМС беа проследени со особено внимание, по чие завршување им беа поставувани прашања, кои се однесуваа, пред се, за начинот и можностите како тие можат да ја посетат Република Германија, но и за туристичките можности на градот Минхен и другите градови во Германија.

    10Инаку, во рамките на посетата на УТМС, гостите од германската амбасада остварија средба со ректорот Д-р Аце Миленковски, на која беше искажано взаемно задоволство од ваквиот вид соработка на амбасадата со УТМС, која е од обострана корист. Германија, преку нејзината амабсада во Македонија има можност на младите во земјава, како студентите од УТМС, да им ги презентира туристичките и другите потенцијали, додека пак студентите од УТМС имаат можност да ги прошируваат своите знаења за одредени дестинации, изворно од претставници на странските дипломатски мисии во Македонија. Ректорот Миленковски и г-ѓа Фостнер искажаа готовност соработката меѓу УТМС и амбасадата на Германија да продожи и во други форми од взаемен интерес.

    -predavanje-na-zamenik-ambasadorot-na-germanija-g-gja-karin-fostner

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај