Првиот академски час започна и за студентите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент. Деканот на Факултетот, проф. д-р Александра Стоилковска, по првиот свечен академски час, одржан од ректорот на Универзитетот, проф.д-р Аце Миленковски, им посака на студентите од прва година, успешна година и во едночасовна средба им ги пренесе нивните задолженија и обврски за истата.
Студентите беа запознаени со методологијата на работа на Универзитетот која овозможува континуирано надополнување на нивните знаења и компетенции. Освен наставните активнисти студентите ќе имаат можност и воннаставно да ги надополнуваат знаењата преку практична работа, посета на организации во кои успешно функционираат сектороте за менаџмент на човечки ресурси како и посети на бројни конференции од областа.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/510-prviot-akademski-chas-za-studentite-od-prva-godina-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi#sigProId63464a70f7