На самиот почеток на новата учебна 2014/15 година, деканката на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска, заедно со својот асистент м-р Гордана Серафимовиќ, одржаа координативна средба со студентите од втора и трета година.
На состанокот стана збор за претстојните активности и предизвици кон нови знаења како и организацијата за планираното патуванје. Имено се работи за наставно-научно крстарење по медитеранот.
Студентите видно расположени после летните одмори, реферираа за придобивките од изведената летна пракса. Тие со задоволство ги прифатија сите обврски кои ќе треба да ги сработат во текот на овој семестар.
sredba-na-dekankata-so-studentite-od-treta-godina-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi