На Факултетот за менаџмент на човечки ресурси редовно се орджуваат менторски часови на кои се дискутираат позитивните, но и негативните аспекти на тековните настани на УТМС. Студентите се поделени во помали групи и секоја група има свој ментор.
На менторските состаноци студентите активно учествуваат така што од нивна перспектива даваат свој придонес во градењето на тимскиот дух и соработката со колегите од другите факултети и генерации. Студентите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси се ентузијасти и уживаат во студирањето, а доказ за тоа се одлични резултати кои ги покажуваат. Целта на овие менторски часови е давање на индивидуална и тимска поддршка на студентите.
{gallery}mentorski-chas-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi{/gallery}