Во рамки на својата промотивна кампања за упис на нови студенти во академската 2018-2019 година, тим од УТМС одржа презентација пред матурантите од средното училиште „Никола Карев“ во Струмица. Со својата професионалност и мултимедијална презентација академскиот кадар предизвика интерес кај матурантите кои внимателно ги следеа 10-те причини зошто би го одбрале УТМС како нивни понатамошен избор за студирање. Матурантите особено покажаа интерес за мерливоста на знаењата, објективноста на оценувањето, професионалната ориентација која ја обезбедува Центарот за кариера и за наставно-научните практикуми кои ја поврзуваат теоријата со практиката.
View the embedded image gallery online at:
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/593-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-dsu-nikola-karev-vo-strumica#sigProIdec25ee22d1
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/593-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-dsu-nikola-karev-vo-strumica#sigProIdec25ee22d1