Тим од професори и асистенти од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во рамките на кампањата за упис на нови студенти во академската 2018-2019 година, реализираше презентација пред матурантите во средното училиште „Димитар Влахов” во Струмица.
Промоцијата беше реализирана преку интерактивна презентација од страна на тимот од УТМС составен од професори и асистенти.
Мултимедијалниот пристап при презентирањето овозможи запознавање на матурантите со наставните програми на факултетите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, потенцирајќи ги уникатните предности кои овозможуваат градење на успешна кариера. Посебен интерес кај матурантите предизвика практичната работа во земјава и во странство и грижата на Центарот за кариреа за професионалната ориентација и вработувањето на студентите по нивното дипломирање.
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/592-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-dsu-dimitar-vlahov-vo-strumica#sigProIdc3deb3c289