Универзитетот за туризам и менаџмент ја продолжи кампањата за упис на нови студенти пред матурантите од ПСУ „Јахја Кемал” во Струмица. Дел од академскиот кадар на УТМС преку директен маркетинг ги претстави десетте уникатни причини кои се фокусирани на учењето во функција на стекнување конкурентски компетенции. Преку мултимедијалната интеракција, матурантите ги следеа предностите на студирање на факултетите на универзитетот. Посебен интерес кај матурантите предизвика меѓународно признатата диплома, уникатната методологија и мерливоста на знаењата, апликативноста на теоријата во праксата, функционалноста на Центарот за кариера и Алумни клубот.
View the embedded image gallery online at:
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/594-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-psu-jahja-kemal-vo-strumica#sigProIdd54affd766
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/594-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-psu-jahja-kemal-vo-strumica#sigProIdd54affd766