На Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, при Универзитет Скопје, се одржа гостинско предавање на тема „Организациски развој“, на кое предавач беше Дарко Петровски, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Предавањето се одвиваше во интерактивна атмосфера, со непосредна комуникација и активна вклученост на студентите. Преку прашања, дискусија и размена на мислења, студентите имаа можност да ги продлабочат своите знаења за организацискиот развој и неговото значење за управувањето со човечките ресурси.
Гостинското предавање беше можност за поврзување на теоретските знаења со професионалните искуства и за поттикнување на критичкото размислување кај идните професионалци во областа на човечките ресурси.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/696-gostinsko-predavanje-na-darko-petrovski-na-tema-organizaciski-razvoj#sigProId5428af4d52

