На 20 октомври 2026 година, студентите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, заедно со проф. д-р Александра Стоилковска и доц. д-р Гордана Серафимовиќ, присуствуваа и активно учествуваа на настанот „Лидерство: Од вработување до менаџерски позиции“.
Настанот беше посветен на положбата на жените на пазарот на труд, предизвиците во професионалниот развој и можностите за напредување на раководни позиции.
Преку личните приказни на успешни жени, студентите имаа можност да стекнат практични сознанија, да поставуваат прашања и да дискутираат за значењето на лидерството, претприемништвото и еднаквите можности за професионален развој.

