На 4 јуни 2026 година се одржа редовна седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста при Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитет Скопје.
На седницата беа разгледани повеќе значајни прашања поврзани со развојот на Факултетот, практичната настава на студентите и соработката со бизнис заедницата.
Посебно внимание беше посветено на подготовките за одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Универзитет Скопје. Членовите на Одборот беа информирани за планираните активности, меѓу кои меѓународната научна конференција ICON BEST, свечената академија и другите настани со кои ќе се одбележи значајниот јубилеј.
Во рамки на дискусијата за студентската пракса беше нагласена важноста на практичната настава како составен дел од студиските програми. Членовите на Одборот дадоа предлози за проширување на мрежата на компании за практична работа, како во земјата така и во странство, со цел студентите да добијат дополнителни можности за стекнување професионално искуство.
Беше разговарано и за можностите што ги нуди програмата Еразмус+, како и за новите иницијативи за воспоставување соработка со компании и институции од Бугарија, Србија, Турција и други европски земји.
На седницата беше направен осврт и на реализираните активности на Одборот во текот на академската 2025/2026 година. Преку презентација на веб-страницата на Универзитетот беа прикажани бројните гостински предавања, активности и иницијативи реализирани во соработка со членовите на Одборот.
Членовите позитивно ја оценија досегашната соработка и ја потврдија својата подготвеност за понатамошно активно вклучување во развојот на Факултетот и поддршката на студентите.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/683-odrzhana-sednica-na-odborot-za-sorabotka-i-doverba-so-javnosta-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-2#sigProIdfec1a8a574

