На 05.06.2026 година, на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет Скопје, беа свечено доделени декански пофалници на студенти кои во текот на академската година се истакнаа со својата посветеност, одговорност и активно учество во академскиот и општествениот живот на Универзитетот.
Признанијата им беа доделени на студенти кои дадоа значаен придонес во организацијата и реализацијата на универзитетски настани, конференции, работилници, промотивни активности и други иницијативи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на Универзитетот Скопје.
Особено беше истакната нивната улога во претставувањето и промоцијата на Универзитетот во Република Македонија и надвор од неа, преку учество на академски, културни и меѓународни настани, каде со својот професионален пристап, одговорност и ентузијазам придонесоа за зајакнување на угледот и препознатливоста на институцијата.
При доделувањето на пофалниците, деканот на Факултетот им честиташе на наградените студенти и ја нагласи важноста на нивниот ангажман како пример за академска извонредност, лидерство и активно студентско учество. Воедно, ги охрабри и останатите студенти да продолжат активно да се вклучуваат во активностите на Универзитетот и да придонесуваат кон неговиот понатамошен развој и меѓународна афирмација.
Со деканска пофалница на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, што ги додели деканката Александра Стоилковска, се стекнаа: Тамара Милојеска, Викторија Панчевска, Данило Јањиќ, Теодора Белобрадиќ и Матеј Спасовски.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/679-dodeleni-dekanski-pofalnici-na-najaktivnite-studenti-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi#sigProId0d95c923ce

