Со свечен час и обраќање на Ректорот на УТМС, Проф. Д-р. Аце Миленковски, започнаа магистерските студии за генерацијата 2012/2013
На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на Светскиот ден на науката, 10.11.2012-та, се одржа свечен час по повод отпочнувањето на наставата на Универзитетот за студентите запишани на втор циклус студии во академската 2012/ 2013 година.
Во преполната сала во Амфитеатарот на Универзитетот, каде беа присутни 179 постдипломци, со пригодна реч се обрати Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. Д-р Аце Миленковски, кој отпочнувајќи го свечениот час со фрагменти од говорот на Цицерон, рече: “ Таму каде што ми е татковината, таму ми е убаво. Мојата татковина не е само нашата убава Македонија, мојата татковина е и Универзитетот. Знам дека една четвртина од вас се збунети, бидејќи за прв пат учествуваат на една ваква церемонија. Знам и дека втората четвртина од вас, и покрај збунетоста на оние првите, од неочекуваниот официјален протокол, се чувствуваат возбудени, бидејќи овој свечен час наликува како оној на најасилните, најголемите и најмоќните Универзитети во светот, како оној на Харвард, но и како оној на Плаошник“, рече Ректорот Миленковски, додавајќи дека кај останатите присутни се чуствува андреналинот и брзото чукање на срцето, не само поради фактот што универзитетскиот храм е посветен на мудроста, туку затоа што е посветен и на оние кои го втемелија образованието во нашата држава, на светите просветители Климент и Наум.
По завршувањето на свечениот час, веднаш започна и редовната настава, односно, сите студенти имаа можност да присуствуваат на предавањето по предметот “Методологија на научно истражувачка работа“ од Д-р Зоран Ивановиќ, инаку редовен професор на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството, при Универзитетот во Ријека.
-zapocna_nastavata_za_studentite_na_vtor_ciklus_studii_2012-2013