ЕТИЧКИТЕ ПРИНЦИПИ СЕ ОБВРСКА НА СЕКОЈА ДЕЛОВНА ЛИЧНОСТ

    Предавање на Проф. Д-р Кирил Темков на тема: Современа деловна етика

    “Современата деловна етика“, како составен дел на менаџерството, беше темата на која Проф- д-р Кирил Темков, говореше на предавањето, што се одржа на 29.10.2012, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со ова, продолжува практиката на УТМС да поканува истакнати и докажани стручњаци од кои има што да се научи и кои со своите ексклузивни предавања им овозможуваат на нашите студенти многу пошироки сознанија и погледи. Етиката, на која и УТМС и посветува посебно внимание, е област, за која, една од најкомпетентните личности е токму Проф. Кирил Темков.

    Осврнувајќи се на развојот на менаџерството, за кое како што рече Проф. Темков, е своевиден феномен, тоа недвосмислено во себе ја вградува и приказната за деловната етика, која станува се погласна, и за која се повеќе се говори. Тргнувајќи од далечната 1974 година, во која за прв пат на научна Конференција во Соединетите американски држави, започнува да се говори за моралот и бизнисот како составен дел на етиката, што во тоа време се сметало за нелогично, денес веќе етиката станува составен дел на секоја економска гранка.

    “Постои едно прашање кое предходно треба да биде разрешено, а за кое ние не сме расположени да го разгледуваме. Имено, станува збор за прашањето за патот до сега , и патот од сега натаму“, ќе рече Проф. Темков, потенцирајќи дека понекогаш е потребно да се расчистат старите нешта, за да и се отвори патот на деловноста во јавниот живот.

    Искажувајќи безброј примери за растот и развојот на едно претпријатие, но и однесувањето на одредени личности од некогашниот и денешниот јавен и бизнис живот, Проф. Темков, на студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент, им ја предочи илузијата околу вредноста на етиката, која понекогаш се создава, односно влијанието на етичката грешка врз човештвото.

    Човекот како деловна личност е врзан за извршувањето на обврската со новите етички принципи, кои се сложени, и за кои постојат безброј примери во речиси сите земји во светот. Токму затоа, човештвото мора да го нуди добриот пат, а тоа го прават само оние кои се охрабруваат себе си да бидат добри дејци. Со оваа мисла го заврши своето предавање Проф. Д-р Кирил Темков“, кој предизвика големо внимание кај присутните студенти. Доказ за тоа беа повеќето прашања од студентите на кои Проф. Темков со задоволство одговараше, па предавањето, наместо предвидениот еден, траеше два часа.

    -etickite-principi-se-obvrsja-na-sekoja-delovna-licnost

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај