„Море, сонце и забава“ , мотото под кое туристички се промовира Шпанија
Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, согласно веќе воспоставената практика на учество на гости предавачи, имаше можност да биде домаќин на амбасадорот на Кралството на Шпанија во Република Македонија, неговата екселенција Фернандо Де Галаинена, кој беше придружуван од неговата заменичка г-ѓа Естер Мартин и експертот за туризам г-дин Анхел Кирога. На предавањето на кое покрај студентите од УТМС, присуствуваше целокупниот наставен кадар од Универзитетот, од името на Ректорот на УТМС, високата делегација од Шпанија ја поздрави Проректорот за меѓународна соработка Проф. Д-р Зоран Ивановски, кој потенцираше дека присуството на шпанската делегација на УТМС е од особено значење за студентите, бидејќи со ова предавање ќе имаат можност да добијат комплетна слика за Шпанија, како една од најдобрите туристички дестинации во светот.
tekst1Презентацијата на Шпанија ја започна амбасадорот Де Галаинена, кој најнапред даде краток приказ за тоа каде се наоѓа неговата земја на светската туристичка мапа, при тоа издвојувајќи ги десетте најдобри туристички дестинации во неговата земја, од кои на прво место се наоѓа Каталонија, веднаш по неа Балеарските острови, а третата позиција ја завземаат Канарските острови. Но, како што потенцираше неговата екселенција, за да има добар туризам неопходна е потребата од добра инфраструктура, односно добри автопатишта, кои како што рече, се особен фактор за развој на туризмот и зголемување на бројот на туристите. Сите овие информации на предавањето беа поткрепени со видео запис, во кој беа опфатени сите главни туристички дестинации и атракции во Шпанија, тргнувајќи од Мадрид, каде е најразвиен таканаречениот градски туризам, па се до Баскиската област.
Заменичката на амбасадорот Де Галаинена, г-ѓа Естер Мартин, во своето излагање објави статистички податоци за тоа кога е отворено Министерството за информатика и туризам, истовремено образложувајќи ја туристичката политика на Шпанија, тргнувајќи од буџетот, потоа маркетингот, промоцијата, па се до формирањето на политиката на цените на туристичките услуги. Како особен сегмент во развојот на туризмот, г-ѓа Мартин, ги спомена саемите за туризам во Мадрид и Барселона, додека експертот за туризам г-дин Анхел Кирога, говореше за промотивното мото со кое се рекламира Шпанија “Море, сонце и забава“, кое како што рече тој,наскоро ќе биде надополнето со други промотивни активности, манифестации и фестивали.
tekst2Во својата презентација г-дин Кирога објави детални информации за туризмот во Шпанија изнесувајќи податоци дека Museo National del Prado годишно го посетуваат 2.8 милиони туристи, Museo de Reina Sofia 2.6 милиони. Како други активности за развојот на туризмот, експертот за туризам ги спомена културните манифестации, потоа спортот, крузингот, а како особено значајни туристички дестинации ги одвои Севиља и Билбао. Посебно место во неговата презентација имаше и гастрономијата, односно традиционалната кујна на Шпанија, преку која ги објасни традиционалните шпански јадења и пијалоци во одредени региони во неговата земја, земајќи ја за пример Валенсија, која што е најпозната по Паеља , или, пак, супата од домати која доаѓа од регионот на Андалузија. Од останатите туристички понуди г-дин Кирога ги издвои фестивалите на борбата со бикови, потоа карневалот кој се одржува на Канарските острови и секако фестивалот во Севиља.
Инаку предавањата на неговата екселенција, г-дин Фернандо Де Галаинена и неговите соработници, од страна на студентите на УТМС беа проследени со особено внимание, по чие завршување им беа поставувани прашања, кои се однесуваа пред се за туристичките можности на Мадрид, но и воопшто на Шпанија.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/547-predavanje-na-utms-na-ambasadorot-na-kralstvoto-na-shpanija-g-din-fernando-de-galainena#sigProId21d0c1ed6a