ITB БЕРЛИН - НАЈМАСОВЕН СОБИР НА ТУРИСТИЧКАТА ИНДУСТРИЈА

    Осознавање на новите трендови во науката и технологијата, како и увид во туристичката понуда и побараувачка во целиот свет, беа некои од целите на претставниците на УТМС и на ФТС Травел на саемот за туризам во Берлин.

    Како и секоја година, така и оваа, претставници на УТМС, овојпат придружувани и од вработените во ФТС Травел, туристичка агенција која работи во состав на универзитетот, од 05.03 до 10.03.2013-та, беа присутни на најголемиот саем за туризам во светот - ITB Берлин.

    Зошто и обрнуваме посебно внимание на оваа саемска манифестација?

    1. Бидејки сите оние што нешто значат во областа на туристичката индустрија се таму во тие денови. Сите држави во светот, региони, дестинации, тур оператори, туристички агенции, авио компании, компании за нови технологии, нови софтвери, универзитети, факултети или високи школи итн. За нас, како Универзитет за туризам и менаџмент, особено значајни се и многубројните конференции, семинари, предавања, кои се одржуваат во деновите од саемот и каде што елитата од науката и практиката ги изнесува своите сознанија и видувања за идниот развој на оваа најбрзо растечка индустрија. Таква концентрација на науката и практиката на се она што е поврзано со туризмот, е одлична можност да се биде во чекор со светските текови, што е меѓу приоритетните цели на УТМС.

    2. УТМС како придружна членка на Светската туристичка организација на Обединетите нации UNWTO, односно неговите претставници, на саемот во Берлин се состануваат со своите колеги и пријатели од составот на оваа организација, но и со веќе старите пријатели од други земји или компании.

    3. Воспоставување нови контакти, стекнување нови пријателства или подлога за идна соработка. Само како пример ќе ја издвоиме средбата на штандот на Замбија и разговорите со амбасадорот на таа земја во Германија, кој е ополномоштен и за Македонија, господин Бвалија Чити. Притоа, тој, меѓу другото, најави дека при првиот нареден престој во Македонија, ќе го посети и УТМС.
    За значењето на оваа манифестација говори и фактот што на свеченото отворање присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

    Претставниците на ФТС Травел, главно беа фокусирани врз воспоставување контакти и начелни договори за соработка со тур оператори и туристички агенции од повеќе земји, но и едноставно стекнување нови сознанија за се она што се нуди во светот на туризмот. Остварија разговори со повеќе претставници главно од земји во Балканскиот регион, централна и источна Европа, Русија, Украина, Турција и многу други. За ФТС Травел посебно интересен беше делот од саемот каде што беа претставувани новите технологии во туристичкото работење, новите софтвери, или, како што се вели, иднината на работењето во туристичката индустрија. Вработените од ФТС Травел разговараа со неколку компании околу можноста од користење на некои од нивните програми за комплетни туристички аранжмани. ФТС Травел, по примерот на УТМС, настојува да биде во чекор со сите нови светски трендови.

    itb-berlin-najmasoven-sobir-na-turistichkata-industrija

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај