Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, секој семестар редовно прави посета на компании во Република Македонија, особено во оние кои имаат оддел за човечки ресурси. Прва таква беше ArcelorMittal, најголемата компанија за производство на челик во светот. Студентите од втора и трета година имаа можност да разговараат со вработените во административниот дел на компанијата, посебно со сите сектори и менаџери во истите. Целта на ваквите посети е приближување на теоријата со праксата, односно, со реалната ситуации со кои секојдневно се соочуваат менаџерите за човечки ресурси.
poseta-na-arcelormittal-najgolema-kompanija-za-proizvodstvo-na-chelik-vo-makedonija