Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, секоја година се грижи за целосна реализација на праксата на своите студенти.
Студентите од УТМС во извршувањето на практичната настава имаат можност да се стекнат компетенции од вистински професионалци, односно директно да бидат вклучени во процесот на работа.
Основната тенденција на практичната настава е студентите своите теоретски знаења стекнати во текот на наставниот процес, да ги надополнат со практично искуство од бизнис секторот.
Студентите од прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Владимир Цветанов и Моника Спирковска својата пракса ја изведуваат во Агенцијата за вработување на Република Македонија, додека студентката Наталија Стојанова, праксата ја изведува во „ПРИМА МК“.
studentite-od-fmchr-na-praksa-vo-agencija-za-vrabotuvanje-na-republika-makedonija