Факултетот за менаџмент на човечки ресурси во духот на зацртаните организациски политики ги наградува и поддржува квалитетните студенти во нивните амбиции. Студентот Ана Анушка Ратковиќ во текот на целата академска 2014-2015 континуирано ги исполнува своите работни задачи беспрекорно, навремено и со висок квалитет. Токму затоа високиот скор на бодови на крајот на академската година не изостана.
По завршување на академската година студентката Ратковиќ продолжи со надградување на сопствените компетенции преку изведување на стручна пракса во соседна Грција.
На првата генерациска средба деканот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси проф. д-р Александра Стоилковска и ја врачи највискоката деканска пофалница SUMMA CUM LAUDE што предизвика позитивни реакции од страна на студентите, кои во целост се согласија со зборовите на деканот за заслужената награда и се приклучиа кон честитките.
dodelena-nagrada-summa-cum-laude-za-akademskata-2014-2015