Факултетот за менаџмент на човечки ресурси ја започна академската 2015-2016 година со свечен час на кој им се обрати ректорот на универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски.
Возбудата на новите студенти беше евидентна. Секој студент замина со силни впечатоци и желба за остварување на високи цели.
Еве дел од импресиите на студентката Валерија Цветкова:
Првиот академски час ми остави силен впечаток, баш каков како што очекував. Пред да влеземе во амфитеатарот, не пречекаа насмевнати професори и асистенти.
На почетокот на свечениот час, силни емоции ми предизвика интонирањето на интернационалната академската химна Гаудеамус. Навистина се чувствував гордо!
Ректорот на Универзитетот одржа говор во вид на презентација и не запозна во кој тек ќе се водат тригодишните додиполомски студии.
Се запознавме со тимот на вработени. Воедно ми е мило што ни беше ветена слободна комуникација со наставниот кадар, по што се надевам дека ќе ни бидат олеснети понатамошните обврски, а истите ќе бидат завршени со добар резултат.
Настанот се одвиваше во пријатна атмосфера, мило ми е што сум дел од тој тим, тим кој ветува иднина и гарантира високи успеси и цели.
prv-akademski-chas