Студентите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси покажаа најголем интерес и беа најактивни во сите процеси на Еразмус плус програмата. Студентите ја увудоа неверојатната можност да поминат еден или два семестри на друг Универзитет, да бидат неколку месеци во интернационална средина како најдобар начин за воспоставување на интеркултурни контакти, откривање на нови култури и учење на нови јазици.
Искуствата кои ги стекнаа таму, беа повеќе од доволни да ги прошират нивните видици, да се подготват да се соочат со современите предизвици на глобалниот пазар, да запознаат нови луѓе, нови култури, нови вредности.
Како прва генерација на студенти од УТМС, Ана Анушка Ратковиќ, Вероника Макарова и Марко Поповски, студенти на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси имаа можност да бидат дел од Еразмус плус програмата во на Политехничкиот факултет во Вила Нова де Гаја, Португалија.
Тројцата студенти го кршеа мразот и не знаеја со што ќе се соочат таму, но благодарејќи на Еразмус тимот на УТМС, беа подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат таму.
Оваа програма им отвори нови врати за понатамошен успех како на професионален така и на приватен план.
studentite-od-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-najaktivni-korisnici-na-erazmus-plus-programata