СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ НА ПРАКСА ВО КОМПАНИЈАТА ФЕНИ ИНДУСТРИ

    Стекнатото теоретско знаење во текот на наставата, студентите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, го надополнуваат со практична работа во институции и организации со кои Универзитетот за туризам и менаџмент има склучено договор за соработка.

    Целта на задолжителната пракса е да им овозможи на студентите стекнување на дополнителни вештини и компетенции. Студентите добиваат секојдневни задолженија и работни обврски во рамките на институциите во кои ја реализираат својата пракса и притоа нивниот ангажман, посветеност и начинот на извршување на доделените работни задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

    Во компанијата Фени индустри, својата пракса ја реализираа студентите Милан Андов, редовен студент од втора година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Љубица Атанасова студент од прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и студентката Валерија Цветкова редовен студент од втора година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
    Факултетот за менаџмент на човечки ресурси се грижи за доследно изведување на стручната пракса на студентите и реализира редовни посети во институциите. Во согласност со методологијата на работа на УТМС, во просториите на компанијата Фени индустри се оствари работна средба со студентите Љубица Атанасова и Валерија Цветкова и менторот од институцијата, г-ѓа Ана Андов, Директор за човечки ресурси во компанијата Фени индустри и г-ѓа Снежа Брзаков, Административен менаџер во компанијата Фени индустри и менторот од Универзитетот, асс. м-р Мери Ничкова.

     studentite-od-fakultet-za-menadjment-na-chovechki-resursi-na-praksa-vo-kompanijata-feni-industri

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај