Студентите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, во рамки на својата практична настава, активно престојуваат во реномирани компании каде што имаат можност да ги применат знаењата стекнати за време на студиите.
Преку директна работа со искусни професионалци од секторите за управување со човечки ресурси, студентите се запознаваат со реалните процеси на регрутација и селекција, воведување и развој на вработените, управување со перформансите, работните односи и организациската култура.
Практичната настава претставува значаен чекор во нивниот професионален развој, овозможувајќи им да го надградат своето теоретско знаење со практични вештини, да стекнат работно искуство и да изградат компетенции кои ќе им помогнат за успешен почеток на нивната кариера.
Факултетот за менаџмент на човечки ресурси останува посветен на создавање цврста поврзаност помеѓу академското образование и бизнис-заедницата, обезбедувајќи им на студентите квалитетно практично искуство и можност да учат од врвни професионалци во областа на човечките ресурси.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/686-studentite-od-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-steknuvaat-praktichno-iskustvo-vo-kompanii#sigProIda595ed4514

