На Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет Скопје, на 16 март 2026 се одржа гостинско предавање од страна на Билјана Нелкова Шушкало на тема „Вработување и задржување на талентирани вработени“. Предавањето беше наменето за студентите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и беше фокусирано на современите практики во привлекување, селекција и задржување на квалитетен кадар во организациите.
Билјана Нелкова Шушкало е искусен HR професионалец со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на управување со човечки ресурси, организациски развој, лидерство и развој на таленти. Таа активно работи како HR експерт, говорник и обучувач, придонесувајќи кон развојот на современи HR практики и професионалниот развој на менаџери и тимови.
Преку практични примери и интерактивна дискусија со студентите, гостин-предавачот ги сподели своите професионални искуства и укажа на важноста од создавање мотивирачка работна средина, развој на талентите и градење долгорочни односи со вработените. Предавањето предизвика голем интерес кај студентите и придонесе за поврзување на теоретските знаења со реалните предизвици во управувањето со човечки ресурси.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/674-vrabotuvanje-i-zadrzhuvanje-na-talentirani-vraboteni-tema-na-gostinot-predavach-biljana-nelkova-shushkalo#sigProId308ff71c59

