На 05.11.2025 година, студентите од прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот Скопје го посетија Министерството за европски прашања на Република Македонија.
Студентите беа топло пречекани од претставници на Министерството, кои им одржаа предавање за процесот на пристапни преговори на Република Македонија со Европската унија.
Во рамки на посетата, студентите имаа можност да се сретнат со претставник од Одделот за човечки ресурси, со кого разговараа за улогата на човечките ресурси во институциите од јавниот сектор, европските стандарди во управувањето со човечки ресурси и влијанието на процесот на пристапување кон ЕУ врз развојот на административните капацитети.
Настанот претставуваше вредно практично искуство за студентите, овозможувајќи им директен увид во функционирањето на државната администрација и во значењето на човечкиот капитал во процесот на европска интеграција.

