На 18.11.2024 година се одржа деветтата конференција ICONBEST насловена како „Обликување на иднината: Трендови и увиди за утре“ (Shaping the Future: Trends and Insights for Tomorrow), во организација на Универзитетот Скопје.
По пленарната сесија се одржаа пет тематски сесии меѓу кои и сесијата за „Човечки ресурси, Лидерски вештини и компетенции, комуникациски вештини (HR, Leadership skills and competences, comunication skills). Сесијата ја водеше проф. д-р Александра Стоилковска. На оваа сесија свое излагање имаа повеќе научни дејци: проф. д-р Сара Пуљевиќ, проф. д-р Билјана Коруновска, проф. д-р Александра Стоилковска, доц. д-р Гордана Серафимовиќ, доц. д-р Јахи Јахија, доц. д-р Мелани Неловска, м-р Јулијана Петровска и м-р Соња Дишовска.
Заклучоците од сесијата водеа во правец на: потреба од редефинирање на процесот на регрутација и селекција во државата, менаџирање на генерациските разлики на вработентие, користење на електронските системи во здравствените организации, менаџирање на меѓулултурните разлики во организацијата и потреба од менаџирање на човечките ресурси во туристичката индустрија.
Заклучоците од оваа сесија се дел од генералниот заклучок на Конференцијата.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/667-iconbest#sigProId5c850f773b