На 07.03.2019 година, со почеток во 16:00 часот се одржа седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со седницата претседаваше м-р Дарко Петровски, Претседател на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.
Проф. д-р Александра Стоилковска, претставник од основачот на УТМС, ги информираше присутните членови на Одборот за уписната кампања како и за сите маркетинг активностите кои ги организира Факултетот за менаџмент на човечки ресурси во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Воедно ги информираше за потребата од проширување на договорите за вработување во соодветни компании кои имаат во своите рамки квалитетни сектори за менаџмент на човечки ресурси.
Преку Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси очекувања се да се прилагоди образованието од областа на човечките ресурси на потребите на компаниите. Токму поради тоа, Факултетот има постојана комуникација со бизнис заедницата, а како резултат на тоа се јакнат практичните способности на студентите во работната средина.