Центарот за институционален развој (CIRа) му додели специјална награда на Универзитето за туризам и менаџмент Скопје, како институција за развој на општествената одговорност.
На 11.07.2011, во хотелот Александар палас, се одржа свечена церемонија на доделување на наградите и признанијата на институции, бизнис сектор и поединци за филантропија и општествена одговорност за 2010-та година. Центарот за институционален развој, како една од своите редовни активности, ги следи институциите и поединците во нивниот придонес во областа на општествената одговорност и филантропијата, во врска со вредностите како солидарност, етика и хуманост. Проектот на ЦИР се однесува на три генерални категории, и тоа: Општествена одговорност, Индивидуалци - филантропи и Најдобри филантропски практики.
Во рамките на категоријата Општествена одговорност, меѓу наградените е и Универзитетот за туризам и менаџамент Скопје, како единствен Универзитет кој го доби ова признание. Во образложението на одлуката ЦИР, на цермонијата, беше истакнато дека УТМС е единствена образовна институција во Македонија која има учебник за општествена одговорност, како и поради функционирањето на Факултетот за претприемачки бизнис и обуката на идни претприемачи. Од името на УТМС, наградата ја прими Александра Стоилковска, декан на Факултетот за претприемачки бизнис, која ја пренесе благодарноста за ова признание од ректорот Аце Миленковски и од вработените на Универзитетот, истакнувајки дека тоа ќе биде поттик за сите факултети на УТМС да продолжат со работата врз подигањето на нивото на општествената одговорност, но и модел за другите универзитети во Македонија да го следат овој пример.
Меѓу наградените оваа година, по различните категории, беа и Макпетрол, Комерцијална Банка, VIP и ONE.
Инаку, Центарот за институционален развој е невладина организација за подршка на цивилното општество, формирана во септември 2003-та од локални активисти на USAID програмата за демократска мрежа, а ја има подршката и од мисијата на Европската Унија во Македонија. Досега има доделено грантови за околу 300 невладини организации и финансиска помош за 374 проекти во Македонија.
https://fmcr.utms.edu.mk/vesti/563-utms-dobitnik-na-nagradata-za-opshtestvena-odgovornost#sigProIdca6ea2f759