ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ, ЕДЕН ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ФАКТОРИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ
Согласно веќе воспоставената практика за учество на гости предавачи, денес на 08.11.2013 Универзитетот за туризам и менаџмент имаше чест да биде домаќин на Заменик- амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Г-дин Синан Ертај. На предавањето, на кое покрај студентите од УТМС, присуствуваа и дел од професорите, беше презентирана Република Турција како туристичка дестинација, вклучително и нејзините економски и културни потенцијали.
Своето излагање Заменик -турскиот амбасадор во Република Македонија, г-дин Синан Алтај, го започна со себе преставување, посочувајќи дека е од неоддамна во дипломатска мисија во Република Македонија. Пред тоа, истата оваа функција ја извршувал во турската амбасада во Белгија и Берлин. Г-динот Алтај, иако потенцираше дека неговите познавања најмногу се движат во областа на службената дипломатија, сепак и од овој агол, се обиде на студентите од УТМС да им посочи неколку факти за туризмот во Република Турција. Пред се, истакнувајќи дека една од круцијалните работи кои се најважни за развојот на туризмот се дипломатските односи помеѓу две земји, конкретно меѓу нашата земја и Република Турција, но, и визниот режим, кој како што рече, претставува значаен сегмент за развојот на туризмот.
Третманот на туристите на аеродром, потоа културата на една држава, односно културната интеракција се сегментите во кои политиката има големо влијание, истакна заменик-амбасадорот на Република Турција, кој како пример го посочи Израел, земјата со која Турција се соочува со најголеми проблеми. Како последица на тоа, неговата земја нема Амбасадор во Тел Авив, ниту пак Израел има амабсадор во Анкара, ситуација што сериозно влијае на меѓународните односи, кои, пак, се одразуваат на развојот на туризмот во двете држави, но и на полето на економоската стабилност.
Оперирајќи со статистички податоци, г-дин Алтај истакна дека бројот на туристи во 2011 година изнесувал 31,5 милиони туристи, што ја издигнува Република Турција на шестото место во светот, како туристички најпопуларна дестинација. Воедно, истакнувајќи дека туристите во Турција не доаѓаат само за плажите, туку и за сите останати видови на туризам како здравствениот, религиозниот, културниот, конгресниот, голф туризамот и секако спортскиот и шопинг туризмот. Но, и покрај тоа што Турција е туристички развиена дестинација, заменик-турискиот амбасадор, истакна дека во неговата земја интензивно се работи на инфратруктурата и на сместувачките капацитети, како и на повеќе други сегменти меѓу кои хигиената, за што го посочи фактот дека токму Република Турција е третта во светот во однос на чисти плажи и чиста вода, односно веднаш зад Шпанија која го има првото место и Грција која се наоѓа на втората позиција.
Во рамките на посетата на УТМС, Заменик-амбасадорот на Република Турција оствари средба со Проректорот за наука и Декан на економскиот Факултет, Проф. д-р Сашо Кожухаров, Деканот на Факултетот за туризам Доц. д-р Сашко Граматниковски, како и со професорот Димитар Бојаџиески, на која беше искажано взаемно задоволство од ваквиот вид соработка на амбасадата со УТМС, која е од обострана корист.
Посетата на неговата екселенција се реализира во рамките на програмата на Универзитетот за туризам и менаџмент за повикување на гости-предавачи, кои со своите излагања имаат можност да ја престават сопствената држава од економски, туристички и културен аспект.
predavanje-na-utms-na-zamenik-ambasadorot-na-republika-turcija-g-din-sinan-ertaj