Студирање според светски стандарди и методологија
На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес 09.11. 2013 година, се одржа Свечен час по повод отпочнувањето на наставата на Универзитетот, со студентите запишани на втор циклус студии во академската 2013/ 2014 година.
Во преполната сала во Амфитеатарот на Универзитетот, каде беа присутни над 150 постдипломци, од името на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. Д-р Аце Миленковски, на присутните најнапред им се обрати Проректорот за наука при УТМС, Проф. Д-р Сашо Кожухаров, кој говореше за историјатот на Универзитетот, при тоа поединечно преставувајќи ги сите седум Факултети, кои функционираат во рамките на УТМС, вклучително и дисперзираните Центри кои ги има овој Универзитет во Св. Николе, Крушево, Ресен, Гостивар и Велес. Истовремено, Професорот Кожухаров го презентираше и Меѓународното научно списание „UTMS Journal of Economics“,кое како што рече е влезено во 14 светски бази на податоци со импакт фактор.
За меѓународната соработка на УТМС со сите останатите сродни Универзитети од светот, пред присутните постипломци говореше Проректорот за меѓународна соработка при УТМС, Проф. Д-р Зоран Ивановски, кој истакна дека УТМС во оваа област постигнува значајни високи резултати. Како поткрепа на овој факт, тој го изнесе податокот дека Универзитетот за туризам и менаџмент досега има склучено бројни билатерални договори со повеќе високо-образовни институции, истовремено обезбедувајќи програма за двојни дипломи, висока мобилност за студентите и академскиот кадар, а како посебна предност ја истакна соработката со Универзитетот од Љубљана, кој е рангиран на 400 место, според Шангајската листа.
Начините и условите за работа на Универзитетот за туризам и менаџмент говореше Професорот од Хрватска, Проф. Д-р Зоран Ивановиќ, кој истакна дека пред се се работи за исклучителна институција која работи според светски стандарди, кои на студентите им овозможува меѓународно признаена диплома, и што е најважно квалитетен производ студент или магистер подготвен да ги извршува и најсложените задачи.
По завршувањето на свечениот час, сите студенти имаа можност да присуствуваат на предавањето по предметот “Методологија на научно истражувачка работа“ од Д-р Зоран Ивановиќ, инаку редовен професор на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството, при Универзитетот во Ријека.
zapochna-nastavata-za-studentite-na-vtor-ciklus-na-studii