КОНСТРУКТИВНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА РАБОТА НА ФАКУЛТЕТОТ
Бордот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на 13.02. 2014 година ја одржа првата седница, на која се разгледуваше годишната програма за работа на Бордот.
По воведниот збор на Деканот на Факултетот Проф. д-р Александра Стоилковска збор земаа сите присутни меѓу кои и Ирена Стојменовска, која предложи на Универзитетот да се акредитира насока за Јавни финансии или да се воведе некој предмет кој ќе ја третира токму таа политика, бидејќи како што објасни, објективно недостасува знаење од тој тип кај практичарите. Нејзината колешка Јулијана Стојанова од Министерството за одбрана, како раководител на секторот за менаџмент на човечки ресурси во својата институција, на седницата излезе со предлог активно да се вклучи во клиничка настава онаму каде што е потребно, истовремено најавувајќи прифаќање на практикантите од УТМС.
И останатите членови на Бордот на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, исто така зедоа активно учество на седницата, предлагајќи повеќе активности и теми, меѓу кои и оние за укажување на студентите од овој факултет за потребата од менаџмент на човечките ресурси во граѓанскиот сектор.
Последен се произнесе раководителот на секторот за човечки ресурси во ЕВН Дарко Петровски. Тој рече дека пожелно е кога ќе излезе нивниот конкурс за практиканти нашите студенти да аплицираат.
sednica-na-bordot-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi