ПРВ МЕНТОРСКИ ЧАС СО СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

    Согласно интерните акти на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, за регулирање на административни форми на организирање на студентските активности, на ден 23.09.2015 година, во просториите на УТМС, се одржа менторски час со студентите од прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси за избор на претседателство на факултетот.

    Состанокот започна со укажување на целта и потребата од менторството и менторот повика за меѓусебна соработка, акцентирајќи ги придобивките од ваквиот начин на студирање, што наиде на позитивен интерес кај студентите.

    Првите точки на дневниот ред беа анализирани детално и со голема заинтересираност на студентите се направи избор на одговорни студенти, како следна точка, за I(прва) година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси едногласно беа избрани: Валерија Цветкова, за претседател и ЈовчеПетковски, за записничар.

    prv-mentorski-chas-so-studentite-od-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај