На ден 18.11.2015 година, со почеток од 12 часот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје се одржа обука за Изработка на професионална биографија и писмо за интерес. Оваа обука беше овозможена со покровителство од страна на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“, а во организација на Центарот за кариера на УТМС и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси. Во улога на обучувачи настапија професор д-р Александра Стоилковска и доцент д-р Валентина Муцунска Палевска.
На обуката присуствуваа 50 ученици, матуранти од СУГС “Марија Кири-Склодовска” Скопје и студенти од ФМЧР прва година при Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје. Целта на обуката беше обучуваните да се стекнат со нови сознанија за местото и улогата на професионалната биографија, значењето на мотивационото писмо, адаптацијата според намената на секоја професионална биографија, кои информациите се потребни за изработка на конкретно мотивационо писмо.
На крајот на обуката учесниците се стекнаа со сертификати за посетувана обука.
odrzhana-obuka-za-izrabotka-na-profesionalna-biografija-i-pismo-za-interes