СЕДНИЦА НА ОДБОРОТ ЗА СОРАБОТКА И ДОВЕРБА СО ЈАВНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

    Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на 07.04.2016 година одржа редовна седница. Седницата ја раководеше претседателот на одборот, м-р Дарко Петровски.

    На дневен ред беа разгледувани предлози од членовите на одборот за елементи кои треба да се вклучат во изработката на новите каталози на Универзитетот, при што беше утврдено и целосно учество на членовите на одборот во сите активности предвидени по повод одбележувањето на десетгодишнината на Универзитетот. Членовите дадоа предлози за ажурирање на студиската програма на Факултетот со дополнување на нови предмети односно вклучување на предметот Образовен менаџмент. Воедно еден од членовите на Одборот, Билјана Шушкало, истакна дека во овој период на селекција на кадри за вработување во нејзината компанија „Арцелор Митал“, доминираат дипломирани студенти од УТМС.

    Сите членови на Соведовниот одбор активно беа активно вклучени во дискусијата со свои предлози и мислења за унапредување на работењето на Факултетот и збогатување на промотивната кампања за уписите за следната академска година како и меѓусебна соработка за релизацијата на задолжителната студентска пракса во организациите и институциите во кои работат и заедничко вклучување во меѓународни проекти.

    sednica-na-odborot-za-sorabotka-i-doverba-so-javnosta-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај