Во рамките на „Недела на учењето“ која се одржува во просториите на компанијата „Арцелор Миттал“ од 13-17 јуни, свои предавања одржаа и професорите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси. Деканката на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска ја презентираше темата Лидерство и лидерски стилови, додека, доц. д-р Александар Даштевски и доц. д-р Јана Илиева одржаа предавање на темите: „Положбата на жената во работната средина“ и „Правни инструменти за заштита од родова дискриминација“.
Компанијата “Арцелор Миттал“ од Скопје како водечки светски производител на челик уште еднаш ја манифестираше позитивната деловна политика и определба на менаџерскиот тим за континуирана едукација на своите вработени со теми од актуелниот живот, како и со најнови научни новитети. Деловните политики на оваа реномирана компанија се во функција на подобрување на перформансите на вработените и поддржување на концептот за доживотно учење и образование кое се стекнува во текот на целиот живот, независно од возраста, полот и етничката припадност.
fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-odrzha-obuki-vo-kompanijata-arcelor-mittal-od-skopje