Ментално здравје на работнто место е тема на Светскиот ден на ментално здравје 2017 година. Овој ден се прославува на 10. октомври секоја година, со цел да ја подигне свесноста за прашањата за ментално здравје и да мобилизира напори во функција на подобрување на истото.
Светската Здравствена организација на Обединетите нации е иницијатор на глобална кампања која има за цел да ја зајакне свесноста за потребите од преземање иницијативи за промоција на менталното здравје на сите луѓе во работната средина. Важноста на оваа кампања во глобални размери е немерлива, пред се, бидејќи голем дел од нашето време го поминуваме во работната средина. Нашите искуства на работните места, според авторите на оваа кампања, е еден од клучните фактори за наша благосостојба. Работодавачите и менаџерите кои преземаат иницијативи за промоција на менталното здравје на своите вработени придонесуваат за зголемување на нивната продуктивност во работата. Негативна работна средина, од друга страна, води кон физички и ментални здравствени проблеми, прекумерна употреба на алкохол, отсуства и изгубена продуктивност.
Депресијата и анксиозноста се секојдневни ментални проблеми кои влијаат на нашата работоспособност и продуктивност. Глобално, над 300 милиони луѓе страдаат од депресија, водечка причина за појава на инвалидитет. Над 260 милиони луѓе живеат со анксиозни нарушувања. Неодамнешната студија на Светската здравствена организација утврди дека депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија над 1 трилион американски долари секоја година во изгубена продуктивност.
10-10-2017-svetski-den-na-mentalnoto-zdravje-vo-rabotna-sredina