Денес, на 24.10.2017 година, студентите од нашиот факултет имаа уникатна можност да проследат предавање од еминентниот проф. д-р Емилија Стоименова- Цаневска, психотерапевт и основач на Гешталт институтот – Скопје. Темата на предавањето: „Гешталд терапијата во функција на зголемување на работниот потенцијал на човечките ресурси“, по својата актуелност е меѓу најважните и најобработувани теми во современата психологија.
Предавањето беше проследено со голема интерактивност на студентите на факултетот, кои беа презадоволни од споделено практично искуство на еден еминентен искуственик во областа како што е проф. д-р Емилија Стоименова- Цаневска.
odrzhano-predavanje-na-prof-d-r-emilija-stoimenova-canevska-psihoterapevt-i-osnovach-na-geshtalt-institut-skopje