Академскиот тим на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во рамките на својата промотивна кампања ги презентираше предностите за студирање на УТМС пред матурантите од СОУ „Јосип Броз Тито” во Битола.
Во текот на презентацијата беа потенцирани 10-те причини за студирање на УТМС. Во таа насока препознатливоста беше истакната преку меѓународно признатата диплома, методологијата на студирање, ескпертските предавања, организацијата и спроведувањето на задолжителната пракса и изведувањето на наставно-научните практикуми, програмата за академска мобилност Еразмус+, современите логистички услови за студирање, како и поединечните специфики на наставните програми на секој факултет.