Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во рамките на својата промотивна кампања за упис на студенти во академската 2018-2019 година, ги презентираше предностите за студирање пред матурантите од СУГС „Цветан Димов” во Скопје.
Во текот на презентацијата беа потенцирани 10-те причини за студирање на УТМС. Во таа насока препознатливоста беше истакната преку меѓународно признатата диплома, методологијата на студирање, ескпертските предавања, организацијата и спроведувањето на задолжителната пракса и изведувањето на наставно-научните практикуми, програмата за академска мобилност Еразмус+, современите логистички услови за студирање, како и поединечните специфики на наставните програми на секој факултет.
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/568-prezentacija-na-utms-pred-maturantite-od-sugs-cvetan-dimov-vo-skopje#sigProId79eeacd1fa