Универзитетот за туризам и менаџмент со мултимедијална презентација ги претстави предностите за студирање пред матурантите од СУГС „Владо Тасевски” во Скопје. Академскиот тим на УТМС заедно со студенти одржа презентација пред матурантите при што посебно беа потенцирани меѓународно признатата диплома, уникатната методологија на студирање, платената пракса во земјава и странство, програмата за академска мобилност Еразмус+, современите логистички и технички услови за студирање, и предностите на електронската библиотека. Заинтересираноста на матурантите ги поттикна на интеракција во која поставија прашања во врска со одредени сегменти од процесот на студирање, примената на дигиталната технологија и современите услови за студирање.
https://fmcr.utms.edu.mk/novosti/566-promocija-na-utms-pred-maturantite-od-sugs-vlado-tasevski-vo-skopje#sigProIdb7f01b7a3c