Во рамките на можностите кои ги нуди Програмата Еразмус Плус, а согласно потпишаните договори за соработка на УТМС со голем број истакнати универзитети во странство, во периодот од 24-ти до 30-ти септември, проф. д-р Сашо Кожухаров и доц.д-р Јана Илиева реализираа студиски престој на прочуениот Универзитет Булент Еџевит во Зонгулдак, Република Турција.
Активното учество на нашите професори се потврди со реализацијата на мултидисциплинарните теми од областа на економијата и правото пред студентите од Факултетот за економски и административни науки, Високата школа за туризам и хотелски менаџмент и Факултетот за инженерство.
Предавањата на нашите професори беа оценети како исклучително успешни и иновативни, со што уште еднаш се потврди квалитетот на академскиот кадар со кој располага УТМС.
За време на престојот беа остварени и голем број средби на највисоко ниво со развојно-оперативен и научен карактер при што беа дискутирани прашања за повеќе заеднички активности, меѓу кои можностите за продлабочена студентска размена, заедничка диплома на прв и втор циклус на студии, организирање на заеднички конференции, научни проекти.
УТМС е активен учесник во Еразмус Плус програмата на ЕУ која нуди голем број можности за надградување на студентскиот и наставно-административен кадар.
https://fmcr.utms.edu.mk/erazmus-vesti-mk/235-profesori-od-utms-na-studiska-razmena-na-univerzitet-bulent-edjevit-r-turcija#sigProIdba860bd838