×

    Предупредување

    JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: [ROOT]/images/galerii/утмс-успешен-коорганизатор-на-првиот-саем-за-туризам-во-скопје

    ×

    Забелешка

    There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/galerii/утмс-успешен-коорганизатор-на-првиот-саем-за-туризам-во-скопје

    УТМС УСПЕШЕН КООРГАНИЗАТОР НА ПРВИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО СКОПЈЕ

    Од 27 - 29 аптил, 2011, во Скопје беше одржан првиот Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2011“ во организација на УТМС и групацијата ЕРА - Скопски саем, а истовремено и вториот Меѓународен биенален научен Конгрес.
    По повод отварањето на саемот, вечерта, пред почетокот, на 26.04.2011, беше организиран коктел во Управната зграда на Скопски Саем, на кој покрај традиционалната македонска храна и вино, пред присутните настапи групата Синтезис. Тоа беше добра можност за присутните гости меѓусебно да се запознаат во една релаксирана атмосфера, пред официјалниот почеток на оваа саемска манифестација.

    Во средата, на 27.04. 2011, Саемот свечено го отворија:

    - Хавиер Бланко, извршен директор на придружните членки на светската туристичка организација на Обединетите Нации, кој ја нагласи важноста за развивање на туризмот во Македонија а воедно и во регионот, Гвидо Омладич претседател на ERA Group и претседател на Скопски саем и Аце Миленковски- ректор на УТМС. Сите изразија надеж дека Скопје Травел Маркет ќе стане традиционален собир на претставниците на туристичката индустрија, не само во регионот, туку и пошироко и дека од година во година, бројот на учесници постојано ќе се зголемува.

    На овој прв од ваков вид сем во Скопје, свои штандови имаа туристички организации и претставници од Турција, Грција, Србија, Црна Гора, Република Српска, Литванија, Хрватска, Италија, Словенија и Македонија. Десетици илјади посетители, во трите саемски денови, имаа можност да се запознаат со капацитетите и туристичките дестинации на повеќе земји, но и да видат што ново се нуди на веќе познатите дестинации. Високиот гостин од Светската Туристичка Организација на Обединетите Нации, Хавиер Бланко, кој дојде во Скопје на покана од УТМС, благодарение на личните релации со ректорот Аце Миленковски, ја вети својата натамошна подршка на вакви манифестации кои го промовираат туризмот како важен фактор во вкупниот економски развој на државите. Негова сугестија беше дека и Владата, а посебно надлежните министерства, треба да дадат конкретна подршка на вакви приватни иницијативи кои се во интерес на државата, бидејки, како што рече, за развој на туризмот е неопходна соработката меѓу јавниот и приватниот сектор.

    Инаку, во рамките на придружните саемски манифестации, се одржа и четвртото државно првенство на Македонија во подготовка на класични коктели и трето државно превенство во флертендинг.

    Присуствуваше и потпретседателот на Светската барменска асоцијација и претседател на Европската барменска асоцијација Рон Бусман.

    Се одржа и кулинарско шоу, презентација на високи кулинарски уметности преку фузија на италијанска и тајландска храна.

    Мисијата на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше комплетно исполнета, му даде шанса на туризмот односно сите туристички субјекти во Македонија да се промовираат, секој во својата дејност, а потоа и Македонија, како земја во срцето на Балканот, организирајќи го првиот меѓународен саем на туризам „ Скопје травел маркет 2011 “. Оваа саемска манифестација првлече и голем медиумски интерес во Македонија, и уште еднаш беа отворени јавни дебати за тоа што се треба да се направи и кои се најдобрите начини за развој на туризмот во Македонија, што беше и една од целите на УТМС, со коорганизацијата на Скопје Травел Маркет.

    {gallery}утмс-успешен-коорганизатор-на-првиот-саем-за-туризам-во-скопје{/gallery}

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај