ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА “УЛОГАТА НА СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ”

    Во согласност со програмата за повикување на гости-предавачи кои пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, презентираат и пренесуваат дел од своето знаење и работно искуство, на 09.04.2013 година гостин-предавач на Факултетот за Менаџмент и Факлутетот за Менаџмент на човечки ресурси при УТМС, беше Стојмирка Тасева, советник на управниот одбор во Стопанска комора на Македонија.
    Со своето предавање гостинот-предавач Стојмирка Тасева ги запозна студентите со улогата на Стопанската комора како невладина, непартиска деловно стручна организација, односно бизнис заедница на правните и стопанските субјекти кои се регистрирани во трговскиот регистер. Основна задача на оваа организација е унапредување на стопанството, што подразбира подобра бизнис клима, остварување поголем профит и подобро општествено опкружување.

    Стопанската комора на Македонија е најстара и најбројна бизнис заедница во Република Македонија со традиција од 91 година. Бизнис заедницата има 15 000 членки кои поседуваат 90% од капиталот во економијата, па затоа и оваа организација се смета за национален претставник на економијата. Во структурата на членките 99.4% се микро, мали и средни претпријатија. Како главни активности гостинот-предавач ги посочи застапувањето на интересите на членките и советодавните услуги.

    Како што истакна гостинот-предавач, во функција на основните задачи на комората, да ги советува и насочува своите членки во донесувањето на правилни деловни одлуки, организацијата исто така мора да ги познава микро и макро економијата. Микроекономијата се однесува само на индивидуални фирми чии состојби, заедно на сите фирми ги чинат основните параметри на макроекономијата, кои се особено важни во носењето на деловните одлуки. Во својата презентација, гостинот-предавач Стојмирка Тасева, исто така посочи со конкретни примери, што би требало да ги интересира претприемачите односно менаџерите во однос на нивното деловно одлучување. Како посебни индикатори на кои треба да посвети внимание секој донесувач на деловна одлука, Стојмирка Тасева ги истакна Бруто домашниот производ, стапката на раст, инвестициите, стапката на невработеност, платите, буџетот и инфлацијата.

    По завршување на предавањето студентите од Факултетот за Менаџмент и Факултетот за Менаџмент на човечки ресурси на гостинот-предавач и поставуваа повеќе прашања поврзани со соработката на комората со странски членки, како и за процедурата за пријавување и износот за членарина. Ова предавање беше уште една можност за студентите од УТМС да се здобијат со одредено знаење и информации во областа на деловното одлучување, како и улогата на Стопанската комора на Македонија за насочување на членките кон правилно донесување на деловни одлуки.

    -predavanje-na-tema-ulogata-na-stopanskite-komori

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај