Во организација на Факултетот за бизнис економија и претприемништво од Белград, Република Србија од 16.10 до 18.10. 2013 година, во главниот град на оваа држава, се одржа втората Меѓународна конференција со наслов „Вработување, едукација и претприемништво“, каде со свои преставници беше присутен и Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
На оваа меѓународна Конференција, од Универзитетот за туризам и менаџмент, со свои трудови учествуваа повеќемина професори, додека свои излагања имаа Проректорот за наука Проф. д-р. Сашо Кожухаров, потоа Деканот на факултетот за туризам Доц. д-р. Сашко Граматниковски, Деканот на Факултетот за менаџмент на човечки реурси Проф. Д-р Александра Стоилковска, Доц Д-р Далиборка Блажеска, Доц. Д-р Наташа Ристовска и Доц. д-р Зоран Стрезовски.
По завршувањето на пленарната сесија во паралелни сесии, се одвиваше презентација на трудовите каде беа презентирани 130 прифатени трудови од Меѓународниот научен комитет на Конференцијата. Презентацијата на учесниците од Универзитетот за туризам и менаџмент предизвика посебно внимание кај присутните, при што се разви дискусија во која учествуваа повеќе учесници.
Истовремено на Конференцијата преставниците од УТМС реализираа разговори за широка меѓународна соработка со своите колеги од Република Србија, потоа Алжир, Мексико, Иран, Република Хрватска и други земји презентирајќи го Универзитетот во целост.
-utms-na-nauchna-konferencija-vo-belgrad