НА УТМС НА ТЕМА ЛИДЕРСТВО ПРЕДАВАЊЕ ОДРЖА ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ РОБЕРТ ОРДАНОСКИ

    ЛИДЕР Е ЛИЧНОСТ КОЈА ИМА СПОСОБНОСТ ДА ГИ УБЕДИ ЛУЃЕТО ДА ПРЕВЗЕМААТ АКЦИЈА
    За да се биде успешен лидер клучно е фундаменталното знаење кое студентите ќе го стекнат во текот на своите студии, природните предиспозиции за лидер, амбицијата и одредена цел, вели Орданоски.

    Во рамките на програмата на Универзитетот за туризам и менаџмент, за повикување на гости-предавачи, кои пред присутните, презентираат дел од своето знаење од областа во која што се експерти, вчера пред студентите на УТМС, свое предавање одржаа директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски и неговиот советник за анализа на пазарот Владимир Ристевски. Темата на која двајцата експерти одлучија да говорат беше „Лидерство“, што предизвика голем интерес кај студентите, особено по прашањето или дилемата, дали лидерот се раѓа или, пак, се создава.

    Гостите-предавачи најнапред ги преставија Проректорот за настава при Универзитетот за туризам и менаџмент, Проф. Д-р Мијалче Ѓеоргиевски, и Проректорот за меѓународна соработка Проф. Д-р Зоран Ивановски, по што советникот за анализа на пазарот Владимир Ристовски го започна своето предавање со претходно направена и добро концепирана презентација на темата. Тој во своето обраќање кон студентите најнапред го дефинираше поимот лидерството, односно што тоа значи и какви видови на лидерство и лидери постојат, но истовремено објаснувајќи ги и факторите кои влијаат врз стилот на лидерството. Според него успешен лидер е оној кој има способност да дава насоки на други луѓе, но уште повеќе е оној кој има способност да ги убеди луѓето да превземат некоја акција. Иако не го изоставува фактот дека постојат лидери кои едноставно имаат вродена харизма за сето тоа, сепак, според Ристовски лидерот, не се раѓа, туку се создава преку научената теорија и соодветната пракса низ годините. За ова свое тврдење тој посочи неколку примери на личности кои денес важат за успешни менаџери и лидери во светот.

    Своето обраќање кон студентите, пак, директорот на Агенцијата за електорнски комуникации (АЕК), Господинот Роберт Орданоски го започна со себе преставување како личност кој долги години извршуваше висока менаџерска функција во Т-мобиле, која како што рече била од особена важност во неговата изградба на менаџерската позиција пред се поради фактот што имал голема можност да работи со врвни експерти од областа на телекомуникациите од Германија, кои во тоа време менаџираа со Македонските телекомуникации. Ова искуство со нив, но и 13 годишното позиционирање на врвот на менаџментот на Т-мобиле, придонеле да го дефинира и зголеми својот капитал на знаење, што сега несебично го споделува со вработените во Агенцијата за електронски комуникации.

    Орданоски, говорејќи на тема лидерство потенцираше дека за да се биде успешен лидер клучно е фундаменталното знаење кое студентите ќе го стекнат во текот на своите студии, потоа природните предиспозиции за лидер кои можат да се поседуваат, амбицијата да си постават одредена цел и секако истата да ја исполнат. Но, за да се случи сето тоа, како што рече мора да се има самодовербата.

    Објаснувајќи ја работата на институцијата со која во моментов раководи, Орданоски нагласи дека дека основната обврска на Агенцијата за електронски комуникации е развојот на конкуренцијата во државата, каде моментално успешно функционираат три мобилни и осум фиксни оператори. АЕК има 137 вработени за кои обезбедува соодветни и постојани обуки.

    na-utms-na-tema-liderstvo-predavanje-odrzha-direktorot-na-agencijata-za-elektronski-komunikacii-robert-ordanoski

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај