УТМС на Саем за туризам во Белград
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во соработка со туристичката агенција “ФТС Травел“, која функционира во рамите на УТМС, викендов организираше наставно научен практикум во Белград, Република Србија, при што централна иницијатива беше посетата на Саемот за туризам. На овој престижен Саем, кој традиоционално од страна на Универзитетот за туризам и менаџмент, се посетува веќе неколку години наназад, студентите од УТМС, имаат можност да ја согледаат разновидноста на туристичките понуди од повеќе земји, вклучително и развојот и новите стандарди за успешен туризам.
Студентитите од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на Саемот за туризам во Белград беа придружувани од Доц. Д-р Далиборка Блажеска, Доц. Д-р Зоран Стрезовски, М-р Дејан Наковски, како и преставниците на туристичката агенција „ФТС-Травел“, М-р Ангела Миленковска и М-р Андреја Мачкиќ, кои од туристички и маркетингшки аспект, на студентите им го објаснија значењето на еден саем за туризам, односно целокупниот чин на организирање и функционирање на истиот.
На Саемот за туризам во Белград годинава со свои штандови беа присутни 54 земји кои ја промовираа нивната туристичка понуда, но сепак поголемиот дел од излагачите беа од Република Србија, кои ги претставуваа своите туристички потенцијали, дестинации, и секако новите технологии и стандарди за успешен туризам. Посебно внимание за студентите предизвика штандот на Абу Даби, и оn line booking презентацијата на штандот на Тел Авив, која кај студентите на УТМС поттикна дискусија и голем број прашања.
Истовремено можеше да се забележи и широк спектар на содржини за одмор, забава и рекреација, како што беа туристичките понуди на агенциите од Република Словенија, а не помалку беа и интересни и презентациите на домашните и странските винарии, кои ги претставуваа своите најдобри производи, вклучително и традиционалната храна на одредени туристички дестинации.
nastavno-nauchen-praktikum-na-univerzitetot-za-turizam-i-menadjment